Lékué – нова генерација на силикон
Силиконските садови за готвење и алатки секојдневно добиваат се поголема популарност. Тоа се должи на нивната леснотија за употреба, како и лесниот начин на одржување и чистење, нелепливоста и долготрајноста. Но, оваа масовна застапеност на користењето на тој материјал во кујната доведува до прашањето за неговата безбедност и ограничувања при користењето.
За да бидете сигурни дека сите алатки и садови кои ги користите се безбедни, секогаш купувајте од проверени производители и добавувачи, кои сте сигурни дека ги поминале неопходните проверки за безбедност на садовите кои доаѓаат во контакт со храната и тоа за секој од производите посебно.
Еден од начините да го направите вашиот избор безбеден, а сепак лесен е да изберете Lékué. Производите од брендот Lekue се изработени од платинест силикон, кој е во комплетна усогласеност со сите европски регулативи, пропишани со закон, а се поврзани со ефектите на производот врз заштитата на здравјето и квалитетот.
Платинестиот силикон НЕ СОДРЖИ бисфенол, што значи дека производите не претставуваат ризик за здравјето и за животната средина. Овој силикон е комплетно стабилен во рамките на пропишаните температурни граници на секој од производите, посебно и не постои можност за миграција на микро-делови од материјалот кон храната.
Токму затоа, Lékué е вашиот совршен избор за секој вкусен, здрав и брз рецепт.